Скок од едно место за Ѓорческа на првата ВТА ранг-листата во 2024 година

 Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со скок од една позиција ја почнува новата 2024 година. Таа се наоѓа на 212. место со 364 поени.

За Ѓорческа претстои нов предизвик на стартот од следната недела, настап во квалификациите на Грен слемот Австралија опен.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за четири позиции и се наоѓа на 368. место со 226 поени.

Од другите македонските тенисерки со пласман на ВТА листата, Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.211. место со девет поени и има пад од три места.

Back to top button
Close