Сколари го напушти Крузеиро

Поранешниот бразилски селектор Луиз Фелипе Сколари го раскина договорот со Крузеиро, откако под негово водство трофејниот клуб од Бело Хоризонте минатата сезона избегна испаѓање во третолигашка конкуренција.

Како што денеска јавија локалните медиуми, Сколари ги напуштил редовите на една од најпознатите бразилски екипи поради финансиските проблеми и неизвесната иднина на четирикратниот бразилски првак, кој во два наврати во минатото го освои и трофејот во Копа Либертадорес.

Како селектор на Бразил.72-годипниот Сколари ја освои титулата светски првак во 2002 година, додека 12 години подоцна Бразил под негово водство заврши четврти на Мундијалот во 2014, по поразот во полуфиналето од Германија со 7:1.

Back to top button
Close