Скопјанец починал во фирма во Ѓорче Петров, се врши обдукција
Вчера, на 20 декември, околу 14.00 часот СВР Скопје добило пријава дека во Ѓорче Петров починал С.С. (61). Тој починал во фирма, а смрта била констатирана од лекар. СВР Скопје извршила увид на местото. Телото е предадено за обдукција во Судска медицина по наредба од јавен обвинител.