Скопјанец пукал во мета во викендичката: Не ја забележал мајка му па ја погодил во нога
Скопјанка на возраст од 46 години била донесена на 14 ноември во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје со прострелна рана на десната нога.

„Како што пријавил нејзиниот син Д.И.(21), на 13.11.2025 околу 17 часот во нивната викенд куќа во с.Брест, скопско, пукал со воздушна пушка во мета и не ја забележал неговата мајка Љ.И., која поминувала пред него, по што ја погодил на ногата“, се наведува во полицискиот билтен.





