Скопјанка пријавила – малолетници го силувале нејзиниот син и настанот го снимале
МВР информира дека синоќа околу 22.43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син.
Според информациите, тие настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица.
За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.