Скопската вода е исправна, покажува анализата на „Водовод“

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во вчерашниот извештај од мониторингот на водата објави дека Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа на градот, од кои четири од бунарскиот потег Нерези – Лепенец и истите покажале дека водата е исправна за конзумирање.

Мониторингот, според претпријатието, се спроведува согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, а примероците се испитуваат со физичко-хемиска и микробиолошка анализа во акредитирани лаборатории.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од скопски Водовод

Back to top button
Close