Скопско Драчево доби кино

Скопската населба Драчево, која е во рамки на општината Кисела Вода чиј градоначалник е Бети Стаменкоска Трајкоска, по две децении, доби свое кино. Отворањето беше синоќа, на пригодна свеченост.

Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.

Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом

Back to top button
Close