Слаб земјотрес во Охридско

Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Југозападниот регион на земјата.
Според податоците од апликациите за следење на сеизмичката активност, земјотресот се случил во 15:34 часот на длабочина од 15 километри.
Епицентарот на потресот е лоциран на координатите 40.963°N, 20.769°E, односно во близина на брегот на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица, недалеку од населеното место Љубаништа.
Земјотреси со ваква магнитуда спаѓаат во категоријата на многу слаби потреси кои ретко предизвикуваат материјална штета и вообичаено се чувствуваат само од поосетливи лица или од граѓани кои во тие моменти се наоѓаат во мирување на повисоките катови. До овој момент нема пријави за евентуално причинета материјална штета.






