„Слаба сум и уморна, размислувам да го напуштам“: Протекоа пораки од дневникот на британката убиена од сопругот во Грција

Убиената Британка Каролин Крауч водела шифриран дневник каде го пишувала целиот ужас и тортурата што ја доживеала од нејзиниот сопруг, кој на крајот ја убил.

Грчките власти забранија објавување вознемирувачки пасуси затоа што, како што рекоа, постои ризик да се прејудицира резултатот од судењето на грчкиот пилот.

Бабис Анагностопулос веќе призна дека ја убил својата сопруга со која ја има ќерката Лидија, но тој негирал дека тоа било со умисла.

Некои извадоци од дневникот излегоа на социјалните мрежи пред да биде уапсен Анагностопулос. Воведните детали го опишуваат неговото контролирачко и агресивно однесување, што ја  натерало Крауч да му каже дека сака да го напушти.

По смртта на Каролин, Анагностопулос ја лажеше полицијата повеќе од еден месец, тврдејќи дека тројца вооружени провалници упаднале, го врзале и ја убиле неговата сопруга.

Неговата приказна беше откриена кога детективите пронајдоа докази дека тој се движел низ куќата во временската рамка во која тој наводно бил врзан.

Убиецот ја задавил својата сопруга ссо преница – и требале осум минути да умре – и го убил семејното куче за приказната да биде поубедлива, пренесува Тајмс.

Грчките обвинители велат дека објавувањето на записите во дневникот на Каролин, од кои некои биле напишани со шифри, „ го нарушува споменот на жртвата“ и може да се прејудицира на судењето.

„Објавувањето записи во дневникот не само што го навредува споменот на жртвата, туку може да придонесе за создавање поволна клима за обвинетиот и неговата линија на одбрана“, рече Василис Плотис, обвинител на Врховниот суд.

Некои извадоци од дневникот се веќе објавени

Започна истрага за тоа како извадоци од дневникот, кои беа дел од полицискиот извештај на 26 страници, протекоа во медиумите.

Според локалните извештаи, Анагностопулос тврди дека неговата сопруга била „вербално и физички агресивна кон него“.

Доколку успее да го убеди судот дека убиството не било планирано, доживотната казна може да се намали на само 15 години затвор.

 

Во еден запис од 2019 година, Крауч се осврна на борбата со нејзиниот сопруг и рече дека се разбудила чувствувајќи се „слаба и уморна“. Таа понатаму вели дека размислува да го напушти и да остане со нејзината сестра.

Каролина исто така ја изрази својата љубов кон пилотот, но забележува дека врската ја повреди.

Сознанието дека Анагностопулос стои зад смртта на Каролин предизвика гнев низ цела Грција и Велика Британија.

Back to top button
Close