(Видео) Славески не исклучува инфлација и ценовна криза

 

Работата е во тек. Надлежните сектори во Народна Банка го прават тоа во моментов, додека говориме. Тука е и мисијата на ММФ, ги слушаме и нивните размислувања. Тешкотијата е во тоа што постои голема неизвесност, изјави во „Трилинг“ гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, прашан дали и кога Централната банка ќе направи ревидирање на прогнозите за порастот на бруто општественото производство, инфлацијата, имајќи ги во вид новите движења на глобално ниво.

Тој додава дека неизвесност има во смисла на времетраењето на конфликтот и последиците од него.

-Единствено што сега е извесно е дека има енергетски шок којшто, промптно влијае на цената на нафтените деривати, а притоа полека се прелева или, ќе се прелева во одредени сектори. Оттука ние се раководиме од некои искуства од минатото, како и од некои проценки, односно што би значело 10 –процентното зголемување на цената на нафтата и колку може да се очекува зголемувањето на проекцијата за стапката на инфлација – изјави во Славески.

Околу анализата на Централната европска банка, во која се вели дека воениот конфликт сериозно се одразува и врз банките, гувернерот вели дека за среќа, кај нас, банкарскиот систем во изминатиот период има изградено значителна отпорност, резистентност кон шокови.

-Во моментов еден од показателите за силината на банкарскиот сектор е адекватноста на капиталот. Кај нас тој процент е 19%. Банките се високопрофитабилни. Ликвидноста е на високо ниво. Значи и во вакви кризни ситуации банките можат, и се во состојба да продолжат со сервисирање, со кредитирање, задоволување на потребите и на населението и на бизнисите.

Тоа укажува дека во моментов нема никаква опасност за банкарскиот сектор, напротив граѓаните ја покажаа својата доверба – вели Славески и додава дека парите се најсигурни во финансиските институции, а не како што народот вели „под перница“.

Прашан колку изнесуваат депозитите и дали може со сигурност да се каже дека денарот е стабилен, гувернерот вели дека депозитите на граѓаните се околу 7 милиони евра и според НБРСМ се во постојан пораст.

Гувернерот не негира и дека ќе има раст на инфлацијата.

-Ги правиме проценките. Европската централна банка смета дека за 0,3% поени, секое зголемување на нафтата од 10% може да влијае на стапката на инфлација. За да не дојде до инфлаторни шокови, Владата може да превенира – вели Славески.

Целото интервју погледнете го во видеото

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close