Славица Котиров ја презема директорската функција во Царина од Горан Сугарески
Славица Котиров ја презема директорката функција во Царинската управа од досегашниот в.д. директор Горан Сугарески. Таа досега беше заменик-директорка на Царина.
Славица Котиров ја презема директорската функција во Царина од Горан Сугарески”>
Од Владата информираа дека на синоќешната седница ја прифатиле оставката и го разрешиле Сугарески, а ја назначиле Котиров.
Сугарески на 9 јули информираше дека си поднел оставка и рече дека од 11 јули ќе се врати на старото работно место во Општина Прилеп.
Причината за неговата оставка беше што си поднесе кандидатура во партиските органи на СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп.