Следната недела ќе биде објавен вториот повик за доделување на 250 милиони евра за проекти за општините

Следната недела ќе биде објавен вториот повик за финасиска поддршка на општините за капитални и инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари, соопшти денеска на прес-конференција министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски информираше за новата можност што им се дава на единиците на локалната самоуправа.

Општините ќе имаат рок до крајот на април да ги поднесат проектите што сакаат да бидат поддржани со пари од централниот буџет.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција

И вториот, како и првиот повик ќе поддржи проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, социјална политика и образованието.

„Со вториот повик за финансиска поддршка на општините, со кој ќе поддржиме капитални инфрастуктурни проекти, со што значителено ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани. По првиот повик, ситуацијата на терен покажува бум во сите општини и реегиони на нашата земја“,рече министерот.

Критериумите за учество во најголем дел ќе бидат исти како и за првиот повик, но како што рече Перински, и олеснети во поглед на рокот за поднесување на документи и за отпочнување на постапката за јавната набавка, односно ќе се одлучува по два критериума, како по клава на житеел на резистенство население во секоја општина и компетентноста на проектната документација со сите дозволи и согласности потребни за отпочнување ба постапка за јавна набавка.

„И овој пат ги охрабрувам сите градоначалници, без оглед на партиската припадност да аплицираат за финасирање на проекти што ќе придонесат за подобро утро на граѓаните“,вели тој.

Според премиерот Христијан Мицкоски, ова е историски најголема инвестиција на централната власт во единиците на локалната самоуправа, а значајни средства се ставаат на располагање на општините за иградба на училишта, градинки, паркови, водоводи, канализации, со што ќе се реешат деценските проблеми на граѓаните.

На преетходниот повик 78 општини добиле 288 проекти со вкупна вреедност од 4,5 милијарди денари или повеќе од 73 милиони евра. Дополнително, преку Министерството за транспорт приближно 800 милиони денари се доделени преку посебна програма за финасирање на проекти во општините.

Back to top button
Close