Слободен печат: Исчезнале паричникот, личната карта и парите на пациент што починал на Клиника за Урологија на Клинички

Во редакцијата на „Слободен печат“ се обрати син на 61-годишен пациент кој пред 10 дена починал на Клиниката за урологија во скопски Клинички центар. Тој е вознемирен и алармира дека личната карта, паричникот и личните предмети на неговиот покоен татко исчезнале. Ова му создало проблеми со организирањето на погребот.

-Татко ми почина во саботата пред 2 недели. Во петокот го донесовме на Ургентен. Го прегледа доктор и го качија на Урологија каде што се пресоблече, со сите лични работи, паричник и гардероба. Потоа му е направена операција и сместен беше на КАРИЛ после операцијата. Но соблечен беше на Урологија и таму останаа личните работи.

Кога починал работите му се фрлени. Паричник имаше со лична карта, картички и пари, панталони и блуза. Работите не се на КАРИЛ туку на Урологија. На Урологија немаат никакви списоци за личните работи како што имаат на другите оддели, не знам зошто. Мислам дека треба да имаат некаква евиденција.

Среќа што имавме фотокопија од личната карта инаку ќе имавме тешки проблеми за регулирање на работите околу погребот, бидејќи без лична карта не може да се завршат тие работи. Не беа баш средени работите во Бутел, така што со фотокопијата завршивме работа. Да немавме фотокопија ќе имавме тешки проблеми, изјави за „Слободен печат“ Гоце Ѓоргиевски, син на починатиот пациент.

Целиот текст на Слободен печат

Back to top button
Close