Словенците убедливо до прво екипно злато во ски-скокови

Словенечката репрезентација со скијачки скокови во состав Домен Превц, Петер Превц, Тими Зајц и Анже Лајшек ја освои денеска титулата на годинешното Светско првенство во норвешки Викерсунд.

Словенците до своето прво екипно злато дојдоа на убедлив начин, водејќи од првата до последната серија, и на крајот собраа 1.711, 5 бодови, дури 128.0 повеќе од второпласираната Германија, а 151.9 повеќе од Норвешка на третото место.

Натпреварувањето во Викерсунд беше деветто по ред Светско првенство во скијачки скокови во екипна конкуренција, а Словенија стана само третата земја со златен медал. Норвешка има пет златни одличја, а Австрија три.

Back to top button
Close