Смртниот биланс од израелските напади во Либан се искачи на над 180 лица
Израелските воени авиони денеска извршија стотици напади во Либан, при што, според либанското Министерство за здравство, загинаа најмалку 182 лица во најтешкиот бран на бомбардирање од почетокот на конфликтот минатата година.
Армијата на Израел соопшти дека погодила околу 300 цели на Хезболах и ќе продолжи да ги напаѓа локациите за кои се верува дека групата ги користи за да складира оружје, и воедно предупредувајќи ги цивилите да се евакуираат.
Министерството за здравство на Либан соопшти дека меѓу загинатите има жени, деца и медицински лица, додека најмалку 727 лица се повредени.
Патиштата во јужен Либан се преполни со автомобили на цивили бегаат кон север кон Бејрут, додека земјата се опоравува од најсмртоносниот ден во борбите досега.
Возвраќајќи на нападите, Хезболах истрела десетици ракети кон северен Израел, вклучително и на локација на одбранбената компанија Рафаел, северно од Хаифа