Смртта на кралицата го направи принцот Вилијам милијардер

Според „Дејли Мејл“ богатството на синот на новиот крал Чарлс Трети, претходно проценето на 34 милиони фунти (околу 40 милиони долари), пораснало на 1,1 милијарда фунти (1,3 милијарди долари) откако ја доби новата титула, како имотот што му следува со тоа
Наследникот на британскиот трон принцот Вилијам стана милијардер веднаш по смртта на кралицата Елизабета Втора, со добивањето на титулата принц од Велс, објави „Дејли стар“.

Според весникот, богатството на синот на новиот крал Чарлс Трети, претходно проценето на 34 милиони фунти (околу 40 милиони долари), пораснало на 1,1 милијарда фунти (1,3 милијарди долари) откако ја доби новата титула, како имотот што му следува со тоа.

Според написот, покрај претходните титули на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон стануваат војвода и војвотка од Корнвол и принц и принцеза од Велс. Титулата принцеза од Велс не ја носеше никој по смртта на принцезата Дијана во 1997 година.

Според таблоидот, тоа значи дека двојката сега поседува речиси 52 000 хектари земја во Англија и Велс.

Традицијата на британската монархија предвидува титулата принц од Велс да ја носи престолонаследникот. Кога најстариот син на кралицата, принцот Чарлс, се искачи на тронот по смртта на неговата мајка како Чарлс Трети, тој му ја даде на Вилијам титулата принц од Велс. Монархот, исто така, истакна дека принцот Вилијам ќе ги преземе шкотските титули, вклучувајќи ја и титулата војвода од Ротези, како и титулата војвода од Корнвол, која новиот крал ја има повеќе од пет децении.

Back to top button
Close