Снегот пристигнува: Обилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта!
Претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во втората половина од ноќта. Преку денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. T= 10 °C, P= 980 hPa, U= 85 %, V= 2 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Утре ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20л/м
2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и снег. Од недела до среда по котлините ќе има услови за појава на магла.