Снопче: Ќе ги добиеме Гостивар и Врапчиште, НАИ продолжува се додека не се отворат преговорите за членство во ЕУ

Пратеникот од Алијансата за Албанците (АА), Халил Снопче, во гостувањето во „Click Plus“ зборуваше за престојните избори на 11 јануари во општините Гостивар и Врапчиште, каде партијата ќе настапи со свои кандидати. Тој изјави дека, без оглед на противкандидатите од коалицијата ВЛЕН, АА очекува победа во двете општини.

Во однос на шпекулациите дека можен противкандидат на Валбон Лимани би бил Невзат Бејта, Снопче оцени дека тоа ја отсликува актуелната политичка логика кај нивните опоненти, додавајќи дека, според него, со Бејта не може да се постигнат вистински промени.

„Промени со Рамиз Мерко па со Невзат Бејта? Нека дојдат и пет Невзат Бејта – зборувам за менталитетот. За каква промена станува збор? Дури и да биде кандидат, тоа само ни оди во прилог“, изјави Снопче.

Toj додаде дека очекуваат значајна разлика во гласовите:

„Имаме огромна предност, нема дилеми. Во најлош случај – 13 илјади гласови разлика. Дури и со поддршка од ВМРО, тие можат да добијат најмногу 2.500 гласови повеќе – тоа е нивниот капацитет.“

Во однос на можноста за повторно обединување на пратениците на Алијансата за Албанците во една група и поддршката на иницијативата на Илир Демири, Снопче истакна дека остануваат отворени за различни опции, но моментално делуваат како пратеници на НАИ, барем до отворањето на преговорите со Европската Унија.

„Вратите се отворени за секого. Ако некој смета дека местото му е во АА – добредојден е. Можеме да формираме и пратеничка група, но треба да се проценат условите“, рече Снопче.

Тој додаде дека, доколку има предвремени парламентарни избори, ќе настапат како НАИ, а обединувањето на партијата не го исклучи како можност

Back to top button
Close