Снопче: Кога Мицкоски ќе каже дека местото на Алијанса не е во Владата ние веднаш ќе излеземе
Првиот момент кога Мицкоски ќе даде сигнал дека местото на Алијанса за Албанците не е во Владата ние веднаш ќе излеземе, вели пратеникот Халил Снопче.

Пратеникот од крилото на Алијанса за Албанците на министерот за здравство, Арбен Таравари ова го кажа одговарајќи на хипотетичко прашање како ќе постапат доколку премиерот Христијан Мицкоски го поддржи ставот дека не е возможно Алијанса да соработува со ДУИ и истовремено да биде дел од Владата.
„Ако се навратиме на историјата, јас во една емисија еднаш реков дека ако Законот за бранители се донесе во ова Собрание или ако се чепка Законот за јазиците ВЛЕН ќе ја напушти Влада, Мицкоски утреденета реагираше велејќи нека им е среќен патот. Јас не се пишманев, ја повторив таа моја изјава. Ако има некои точки за кои нема компромис се разбира. Во име на ВЛЕН сега не можам да зборувам, додека во име на Алијанса за Албанците зборувам со сигурност. Значи има некоја црвена линија до која можеме да одиме. Ако се помине таа црвена линија, нормално…“,
рече Снопче во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.