Со 211 км/ч „летал“ на автопат: Приведен возач-почетник во близина на Кондово

Осумнаесетгодишен возач-почетник е лишен од слобода откако на автопатот Скопје–Тетово бил фатен како управува автомобил со брзина од 211 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Screenshot

Според МВР, случајот бил регистриран вчера во 16:21 часот кај клучката Кондово, каде што полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи извршиле контрола со радар.

При контролата било утврдено дека И.А. (18), управувајќи патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки, се движел со брзина од 211 километри на час. Како возач-почетник, според закон, на автопат смеел да вози најмногу 100 километри на час.

Од МВР информираат дека поради стореното кривично дело возилото е одземено, возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, каде што ќе биде спроведена понатамошната постапка.

Back to top button
Close