Со 80 ракети Хезболах пукал кон израелски град во северниот дел од државата

Либанската вооружена група Хезболах соопшти дека денеска го нападнала северниот израелски град Сафед со десетици ракети како одговор на израелските напади врз Либан.

„Бранејќи го Либан и неговиот народ и како одговор на варварските израелски напади врз „градови, села и цивили“ во Либан, борците на Хезболах го таргетираа Сафед „со 80 ракети“, се вели во соопштението.

Една од ракетите погодила зграда во северниот град Бири, во близина на Сафед, објави „Тајмс оф Израел“.

Засега нема информации за повредени во нападот, пишува израелскиот портал.

Back to top button
Close