Со умисла

Пред некој ден следејќи една телевизиска емисија што одеше во живо, се јави некој човек и го праша водителот дали во оваа наша Македонија живее најпростиот народ на Балканот, буквално такво прашање му постави. Со вакви прашања или констатации може да се сложиме или да не се сложиме, но ова треба сите нас да не загрижи и треба да си одговориме на многу прашања, со кој си имавме и со кој ќе си имаме работа понатаму.

Почитувани, веќе е јасно како бел ден и редно е без заобиколување онака директно да им кажеме во лице што мислиме на сите оние кои директно или на било кој друг начин учествуваат во опструкции и рушење на здравствениот и безбедносниот систем на нашата земја.

Во првата група на “најзаслужни“ а со тоа веќе гледам дека се сложуваат и огромен дел од нашите граѓани е секако опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивните министри кои активно партиципираат и се дел од владата, особено се истакнува министерот за внатрешни работи, сите они заедно со одредени структури од МПЦ свесно и со УМИСЛА учествуваат во подривање и опструирање на здравствениот и безбедносниот систем, со цел остварување на политичка корист од тоа, предизвикување здравствена криза со нови жаришта на пандемијата, нејзино одолговлекување со цел на избегнување на изборите и свесно креирање на нова политичка и економска криза.

Во втората група “најзаслужни“ се ИВЗ предводени од Реисот Жарко и поддржувани од дел од структури на ДУИ кои дадоа голем придонес во манипулации и заглупување на верниците.

Во третата група секако се сите оние неодговорни граѓани кои со своето поведение и непочитување на мерките прават штета на сметка на огромниот број совесни луѓе и го рушат целиот труд и напор на институциите и на здравствените работници.

Во ВМРО-ДПМНЕ кога пред нешто повеќе од еден месец во нивните анализи кои ги прават увидоа дека владата невидено успешно и под контрола ја држи цела ситуација, рејтингот на владата и на владеачката партија се качуваше нагоре, ги фати невидена паника и страв па одлучија да преминат на план Б, за што искрено јас не верував. Веднаш почнаа преку нивниот министер за внатрешни работи, оној Наќе отсјај, да го подриваат целиот начин и систем на работа на МВР преку меко спроведување и почитување на полицискиот час. Со умисла ги олабавија казнените мерки, шуруваа со поедини структури од верските заедници кои организираа масовни собири, сето тоа полицијата само го набљудуваше, видовме сите на една емисија на АЛСАТ што се случува во Тетово и во други градови. Знаете како, кога народот ќе види вака слаба и лабава полиција тој се опушта и почнува да збеснува, едноставно како во многу градови да немаше полиција. Имавме најголем број на приведени граѓани поради непочитувања на полицискиот час од сите други главни градови во регионот. Баш минатата недела споредував некои податоци дека за една вечер 126 луѓе (фатени, од кои 110 биле од Скопје), не го почитувале полицискиот час, од нив за 79 ќе биде покрената постапка за казнување, колку за споредба баш видов во Белград кој има двојно повеќе жители од Скопје, имаше нешто просечно околу 40 прекршувања на полицискиот час. Сето ова беше правено со умисла, што повеќе заразени подобро за нас, така некои размислуваат.

Па масовно почнаа сите до еден да водат некоја “Итарпејовска“ политика, преку ден плукаат за некоја мерка зошто била ригорозна па кога ќе се олабави мерката плукаат зошто тоа сте го направиле, врескаа два месеци како мерките биле строги ја гушеле слободата па после викаат зошто владата ја укинува забраната, прават се за да има што повеќе заразени па после Ве плукаат за истото што сте го направиле, но сето тоа е многу провидно, треба само некој да им верува. Потоа ги подбуцнуваше Наќе и муслиманските верници демек не требало за Бајрам полициски час, викаше јаден Наќе, советуван од некои медиумски шарлатани дека ВМРО-ДПМНЕ ќе имало политичка штета до колку им воведе полициски час за Бајрам, па гледате ли “патриотите“ колку се расипани, па со кој си имаме работа бре. Тоа што они може да го смислат и да го направат не може ниту да го помислите, на таква ментална фреквенција работат, за жал.

Е сега зар се уште некој во оваа наша Македонија мисли или е убеден во тоа дека оние што беа спремни на 27 април 2017 да убијат за власт, сега им е многу гајле за корона или за здравјето на граѓаните, се прашувам дали се уште некој мисли дека она што го верглаат секој ден дека било најважно здравјето на граѓаните навистина го мислат? Оние од кои во меѓувреме слушаме многу глупости, како онаа на Христијан дека сега имал ново другарче, оној Аџо Верушевски кој никој не може да го контролира, па ни се пофали сега за ние да му ја мислиме, потоа слушаме постојано една врвна глупост од онаа поранешна кафекуварка на Миле а сега генерален секретар, затоа дека СДСМ сакале брзи избори за да изгубат помалку, уф ама анализа јеботе, од секретара. Зар од нив очекуваме дека се многу загрижени за здравјето на нацијата, ајде бе. Абе какво здравје, каква корона Ви се молам, се борат како давеник за сламка само да не одат на избори, да успеат да направат политичка криза, да ја исцрпуваат во недоглед државата и народот со бескрајни обвинувања, луѓето да почнат да губат верба во институциите и така се убедени дека ќе може нешто да ќарат, ништо нема да направат ниту да ќарат, ова што се случува го гледаме со наши очи, се ни е јасно. Дали ќе ќари Христијан на ваков подмолен начин две или три недели, или месец два, ништо не му менува, ќе загуби со уште поголема разлика.

За жал ситуацијата и кај нашите сограѓани Албанци е средножалосна. Па добро бре луѓе да Ве прашам нешто, како тоа во една Турција огромна држава луѓето се дисциплинирани и почитуваат полициски час, како тоа најголемите муслимански светилишта Мека и Медина беа затворени и се почитуваше сполицискиот час, луѓето внимаваа за своето здравје, па што е со Вас овде во Македонија, што се случува, на кој памет сте, како тоа Корона не постоело богати, па Ваши сограѓани, роднини, комшии, браќа, сестри се заразуваат и умираат а Вие велите дека не постоело Корона. Па највеќе заразени според податоците се токму во оние делови каде што претежно живеат Албанци, што не Ви е јасно, за Ваше добро се работи, па не го слушајте веќе оној Жарко што вика дека Короната умрела, човекот е во години веќе не знае што зборува, земете малку и самите размислувајте.

Секако тука и огромно разочарување е оној дел од нашиот народ кој е сосема неодговорен ниту спрема себе ниту спрема другите. Тоа за жал најтешко се исправа па дури и со жестоки мерки. Едноставно има многу луѓе кои не сакаат да почитуваат никакви мерки, па самиот сум сретнал многумина кои веруваат и се силно убедени дека сето ова е некоја измама и Корона едноставно не постои, па одете сега Вие докажете им, казнувајте, што сакате правете, но со едно сепак нема да се помирам и сложам, дека овде во нашата Македонија живее најпростиот народ на балканот, не можам никако да се сложам.

Ситуацијата сега е комплицирана, не е лесно ниту малку. Владата е ставена во тесно и нема голем избор. Таа од една страна мора да ги пресретне овие намери на опозицијата кои активно работат на влошување на ситуацијата, треба да реагира и да се бори против корона но и против ваква неодговорна и подмолна политика, тоа е комплицирано и тешко затоа што се работи за здравствено прашање. Без разлика на се, добро е што во овие две недели претседателот ја продолжи вонредната состојба и треба сега во овие две недели да се фокусираме на оние жаришта на пандемијата што повторно се појавија, ако треба некаде и враќање на мерките и ограничувањата, лидерите да се координираат постојано со претседателот и со меѓународниот фактор и здравје кога малку ќе се стабилизира ситуацијата по тие две недели имало немало корона мислам дека треба веднаш да продолжат да течат изборните процеси за да успееме таму на 5 или 12 јули да излеземе на избори затоа што веќе е јасно дека на опозицијата не и е целта избори туку пролонгирање на кризата, постојано обвинување и исцрпување на државата и институциите, предизвикување нервоза кај граѓаните со создавање на една непредвидливост и неизвесност, тоа едноставно мора да се пресретне со избори, со или без опозиција, друго нема.

 

Back to top button
Close