СОА: Податоците за возила и сопственици на возила во Хрватска не се хакерски украдени


– Хрватската безбедносно-разузнавачка агенција (СОА) соопшти дека податоците за возилата и сопствениците на возилата во Хрватска не биле украдени преку хакерски напад, туку биле незаконски копирани од лица со пристап до информацискиот систем.

Загрепскиот весник „Вечерњи лист“ објави дека СОА била информирана за „истекувањето“ на 2.444.587 записи за возила и 1.195.052 за физички лица, вклучувајќи имиња, адреси, Лични идентификасиски податоци, ЈМБГ, датуми на раѓање, регистрации и податоци за осигурување.

СОА извести дека случајот го пријавила до Државното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на лични податоци, поради можни кривични дела и повреда на заштитата на личните податоци.

Министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, изјави дека истрагата е во тек и дека податоците не излегле од Министерството за внатрешни работи. Тој додаде дека Министерството за внатрешни работи не ги собира и обработува овие податоци, што укажува дека незаконската активност веројатно се случила во друга институција со законски пристап до податоците.

Истражните дејствија продолжуваат, а СОА истакна дека во интерес на истрагата не соопштува други детали.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close