Софиска ЦСКА играла против Македонија ЃП со допингуван фудбалер

Фудбалерот на ЦСКА Софија, Георги Јомов, настапил допингуван на реванш натпреварот на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров во рамки на 2. квалификациско коло во Конференциската лига, објави денеска бугарскиот прволигаш.

Натпреварот во кој ЦСКА ја совлада Македонија ЃП со 4-0 и се квалификува во следната рунда беше одигран на 28 јули во Софија, а УЕФА го известила бугарскиот клуб за позитивниот наод неколку часа пред реваншот на ЦСКА против швајцарски Базел одигран во четвртокот.

Back to top button
Close