Солскјер: Не ми се допадна концептот на Супер лигата

– Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изрази денеска задоволство од неуспехот на европската Супер лига, истакнувајќи дека е против клупски натпреварувања од затворен тип.

-Воопшто не ми се допадна концептот на Супер лигата, бидејќи натпреварувањата мораат да се темелат на спортски заслуги. Јас сакам да го заслужам правото да играм во Европа, изјави Солскјер на прес-конференција спроти утрешниот премиерлигашки натпревар против Лидс.

Манчестер јунајтед, беше еден шесте англиски клубови заедно со градскиот ривал Манчестер сити, лондонското трио Тотенхем, Арсенал и Челзи, и актуелниот шампион Ливерпул, кои застанаа зад Супер лигата, но набрзо се откажаа по притисокот од јавноста.

Back to top button
Close