Солзите на Роџер Федерер

Емотивниот Роџер Федерер по мечот на Лејвер купот во Лондон. Со загубениот меч Федерер ја заврши славната тениска кариера.

Роџер Федерер долго се бореше против солзите. Но, кога беше прашан за семејството, 41-годишниот Швајцарец беше совладан од емоциите до степен да не може да зборува.

Тоа беше емоционалниот врв на збогувањето со тениската легенда. Дваесет и пет минути по полноќ заврши една од најголемите спортски кариери во светот. По повеќе од 100 победи на турнири и 20 гренд слем титули, Федерер се збогуваше од тенисот.

Back to top button
Close