Сончево и многу топло, со температури до 41 степен


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност во западниот планински регион и на крајниот исток. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 41 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максмалната температура ќе достигне до 39 степени.

Од УХМР најавуват дека до среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури.

На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.

Утре попладне и кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со засилен до силен ветер, краткотраен пороен дожд и грмежи.

Back to top button
Close