Сончево и топло
Денеска ќе преовладува стабилна временска состојба. Наутро постудено, преку денот сончево и топло, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер.
Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер.