“Сонувајќи над вселената“ ја доби Creative Photo Awards наградата за 2024 година

„Сонувајќи над вселената“ е насловена фотографијата од мечка која сонливо ги прегрнува своите младенчиња под ѕвездите за која Лурд Сантандер ја освои главната награда во Creative Photo Awards за 2024 година.

-Оваа фотографија е дел од колекцијата на Лурд „Животни под ѕвездите“. Доловува редок момент помеѓу мајката и нејзините три малечки – две мирно спијат на нејзините гради, додека третото лежи покрај нејзиното лице – стои во образложението за наградата.

Back to top button
Close