Сообраќајна несреќа направи километарски колони и голем застој кај Глумово

Сериозен сообраќаен колапс и километарски колони од возила се формираа вечерва на автопатот Скопје-Тетово. Големиот застој е предизвикан од сообраќајна несреќа која се случила во непосредна близина на првата наплатна станица на излезот од Скопје, информира порталот „4news.mk“.

Поради немилиот настан, во моментов протокот на возила на оваа фреквентна делница е речиси целосно блокиран. На самото место кај патарината се создаде колона од автомобили која постојано се зголемува, додека надлежните служби работат на терен.

Како што пренесуваат медиумите од првичните информации од теренот, сообраќајот се одвива под исклучително тешки услови и со големо задоцнување.

„Според информациите, поради несреќата, за која засега нема повеќе детали, сообраќајот се одвива крајно отежнато, а на патарината е формирана голема колона од возила.“

Back to top button
Close