Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија блокиран до 13 часот

Сообраќајниот граничен премин Меџитлија на македонска, односно Ники на грчка страна, денеска ќе биде блокиран до 13 часот.

Блокадата на граничниот премин е само за тешки товарни возила, додека останатиот сообраќај се врши непречено, потврдија за МИА од граничниот премин Меџитлија.

Протестите на земјоделците во соседна Грција почнаа минатиот месец и нема прецизни информации до кога ќе се одвиваат со блокади на граничните премини

Back to top button
Close