Сообраќајот по наместа влажни коловози, намалена видливост на некои патни правци поради магла
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
ЈП Македонијапат вечерва соопшти дека поради појава на магла, намалена видливост од 100 до 120 метри има во Крушево, од 20 до 30 метри во Маврово, од 50 до 60 метри на планинскиот превој Стража и од 30 до 40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка (од село Лисец до Попова Шапка).
ЈП Македонијапат укажува дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.