ДОМ: Со уредбата на Владата ќе се отстранат дивоградбите и 25 охридски плажи ќе се вратат во првобитна состојба

Соопштение на ДОМ:

Зелената партија ДОМ го поздравува донесувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со примената на оваа Уредба, ќе се овозможи отстранување на дивоградбите и враќање во првобитна состојба на 25 плажи долж Охридското Езеро.

Ова придонесува и за спроведување на мерките за заштита на крајбрежјето утврдени со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион што Владата го усвои во јануари 2020 година. Исто така, влијае на намалување на негативните влијанија од масовниот туризам врз квалитетот на водите, биолошката разновидност и пределските карактеристики на подрачјето, како и на зачувување на УНЕСКО статусот.

ДОМ апелира Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи да обезбедат доследно спроведување на оваа Уредба.

 

Back to top button
Close