Сопруг ја горел сопругата со цигари, ја принудувал на секс со трети лица за што добивал пари и дрога

 

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криучарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Трговија со луѓе.

Имено, предметот беше оформен во ОЈО Тетово во ноември минатата година, кога на првоосомничениот му била изречена мерка притвор поради семејно насилство, по преземените дејствија е утврдено дека станува збор за кривично дело „Трговија со луѓе“, по што истиот е препратен на надлежност во ова обвинителство. Врз основа на сознанијата и обезбедените докази донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против шестмина осомничени за кривично дело Трговија со луѓе.

Back to top button
Close