СОРАВИЈА ИНВЕСТ“ ГО ОСПОРУВА ИЗВРШУВАЊЕТО Сопствениците велат дека аукцијата е незаконска и дека е поднесена тужба
Новиот сопственик и управител на „Соравија Бизнис Центар“, „Соравија Инвест ДООЕЛ Скопје“ денеска објави соопштение во кое ги уверува закупците на деловниот простор дека нивните закупи, канцелариски простори, и услугите што ги добивааат нема да бидат засегнати од тековниот спор, и најавената аукција на зградата по барање на наплата на долг на еден од доверителите.
„Соравија Инвест ДООЕЛ“, воедно нагласува дека активно ги следи сите правни лекови за да се запре најавеното извршување и аукција на имотот за кое сметаат дека е незаконско и за што поднеле тужба до ОЈО ГОКК.
„Ние тврдиме дека овој процес на запленување е започнат незаконски и еднострано од повеќе доверители во наводен дослух со поранешното раководство на зградата. Според нас, оваа акција е без правна основа и е преземена без соодветна основа или согласност на сегашните законски сопственици. ‘Соравија Инвест ДООЕЛ’ одлучно ја отфрла легитимноста на овие постапки и брзо ги оспори преку судовите. Како дел од нашата енергична одбрана на нашите сопственички права, официјално е поднесена кривична тужба до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“, наведуваат од компанијата.
Додаваат дека приложиле докази и наводи дека процесот на лицитација е резултат на недозволени и договарачки активности и ги повикуваат властите темелно да го испитаат случајот, за што, наведуваат дека ќе обезбедат целосна соработка со истражителите.
Воедно, уверуваат дека планираната модернизација на „Соравија Бизнис“ центарот кој го ребрендирале во кулата „Валхала“ се одвива според планираното и ќе претставува имплементирање на високите стандарди за енергетска ефикасност и одржливост.
„Ние разбираме дека вестите за потенцијална аукција може да бидат загрижувачки, но преземаме силни активности за да ја одбраниме нашата позиција и уверени сме во позитивен исход. Нашето ребрендирање во кулата ‘Валхала’ и планираните надградби се движат напред, покажувајќи ја довербата што ја имаме во иднината на овој деловен центар. Ние во голема мера ја цениме континуираната поддршка и трпеливоста на нашите станари во ова време. На крајот, ‘Соравија Инвест ДООЕЛ Скопје’, потврдува дека ќе го заштитиме Бизнис центарот и заедницата во неа. Тука сме да останеме и да овозможиме кулата Валхала да прерасне во еден од скопските најдобри деловни центри. Заедно со нашите станари ќе го надминеме овој предизвик и ќе продолжиме градење на просперитетна, одржлива деловна средина за годините што доаѓаат“, наведуваат од „Соравија Инвест ДООЕЛ Скопје“.