Сосед на Ѓоковиќ од хотелот за имигранти: Јас сум 9 години во кафезов, а вие се јавувате да ме прашате за него

Мехди Али, еден од „станарите“ на хотелот за имигранти во кој е сместен и светскиот рекет број 1, на социјалните мрежи изрази жалење за тоа дека никого не го интересира нивната судбина, туку сите им се јавуваат да прашуваат како е нивниот најнов сосед.

„Тажно е тоа што многу новинари ме контактираа да ме прашаат за Новак Ѓоковиќ. Во овој кафез сум веќе девет години и денеска наполнив 24, а вие божем сакате да направите сторија за мене, а веднаш потоа, во следното прашање, барате информации за Новак Ѓоковиќ“,

пишува Али на својот твитер налог.

Тој во Австралија се обидел да најде прибежиште од Иран, каде бил жртва на прогон како припадник на арапското малцинство во Ахвази. Како петнаесетгодишник, од индонезискиот град Џакарт со брод се упатил кон Австралија. Бродот бил запрен од австралиските власти. Патниците биле пренесени во фабрика на Божикните острови, австралиска територија која се наоѓа близу до брегот на Индонезија. Таму бил 90 дена, по што тој бил одведен имиграциски логор на островот Науру. По шест години, поради медицински третман бил пренесен во Мелбурн, и од 2019 година е притворен во Хотелот Парк Карлтон. Вели дека не е криминалец, ниту некогаш го прекршил законот.

Полека стареам. Тажен сум затоа што моите тенејџерски денови минаа на ваков начин. Не сака одовде да заминам како средовечен, со изгубени години. Гледам како млади луѓе се забавуваат, постираат разни работи на социјалните мрежи, а јас сум далеку од сето тоа. Овде сум и натаму, секој ден. Посебно ми е тешко на родендените. Тогаш размислувам за изгубеното време. Не се слулува ништо ново во вреска со мојот статус, нема информации, нема рокови, гаранции. Многумина беа пуштени, само мене и натаму ме држат овде. Зошто? – прашува Менди.

Пред хотелот се одржуваат демонстрации на кои се бара ослободување на сите лица кои се сместени во него. Австралија важи за земја која има искучително строго законодавство во однос на имиграцијата. Голем број имигранти со години чекаат да им се одговори на барањето да добијат виза за престој и за работа.

Инаку, ноќевање во Парк Хотел Карлтон чини 104 австралиски долари. Се води како „луксузен хотел со 4,5 ѕвезди сместен на одлична локација“. Во почетокот на ковид пандемија, во 2020 година се користел и како објект за карантинско сместување.

Back to top button
Close