Сослушување во Сенатот: Дали мажите можат да забременат? Лекарка 11 пати одбива да му одговори на сенаторот Хаули

Сослушувањето на Комитетот на Сенатот за лекови за абортус стана вирално откако републиканските американски сенатори Џош Холи од Мисури и Ешли Муди од Флорида прашаа акушерка-гинеколог дали мажите можат да забременат.
За време на сослушувањето на Комитетот за здравство, образование, труд и пензии на Сенатот, д-р Ниша Верма, гинеколог-акушер со седиште во Атланта, Џорџија, беше прашана дали мажите можат да забременат. Верма не одговори директно на прашањето, кое и беше поставено за време на сослушувањето.
-Се двоумев таму бидејќи не бев сигурна каде води разговорот или која е целта, рече Верма за нејзиниот одговор на прашањето. -Се грижам за пациенти со различни идентитети. Се грижам за многу жени. Се грижам за луѓе кои не се идентификуваат како жени, кажа д-р Верма.
Д-р Верма запраша која е целта на прашањето, на што сенаторот кажа дека целта е да се утврди биолошка реалност. -Малку претходно рековте дека науката и доказите треба да водат, а не политиката. Ајде да ја тестираме таа претпоставка. Можат ли мажите да забременат?, праша повторно Хаули.
Д-р Верма повторно одговори дека науката и доказите треба да ја водат медицината, и му посочи на Хаули дека ваквите прашања со „да или не“ се политичка алатка.
-Не, „да или не“ прашања се за вистината, да не ја правиме оваа постапка предмет на потсмев. Ова е за наука и докази. И ве прашувам, Врховниот суд на САД вчера расправаше за ова прашање подолг период. Ова не е хипотетичко или теоретско прашање. Ова влијае на вистински луѓе и нивните животи. Вие сте тука како експерт повикан од другата страна и постојано ни кажувате дека ја следите науката и доказите. Затоа сакам да знам, врз основа на науката, можат ли мажите да забременат? Тоа е прашање со „да“ или „не“, рече Хаули.
Хаули рече дека се обидува да добие одговор и да ја тестира нејзината веродостојност како медицински професионалец и научник – дали можат ли мажите да забременат? На тоа Верма одговори дека тој ги меша поимите машко и женско.
-Не, не ги мешам машко и женско. Тоа се две различни нешта. Постојат биолошки мажи и биолошки жени. И сакам да знам: можат ли мажите да забременат?, запраша Хаули.
Верма рече дека она за коешто зборува тој се биолошки мажи и дека би сакала повеќе да разговараат за нешто што не доаѓа од позиција на конотроверзност.
-Не се обидувам да бидам контроверзен. Се обидувам да прашам. Сметам дека е извонредно што сме тука, на сослушување за наука и за жени, и да бидеме јасни, жените се тие што забременуваат, не мажите. Тука сме за безбедноста на жените и науката која покажува дека овој лек за абортус предизвикува несакани здравствени настани во 11% од случаите. Тоа е 22 пати повеќе од она што го наведува ФДА, уште еден факт што не го признавате. А сепак одбивате да ја признаете основната реалност дека биолошките мажи не забременуваат. Постои разлика меѓу биолошки мажи и биолошки жени. Не знам како можеме сериозно да ве сфатиме и вашите тврдења дека сте научник ако не сте подготвени да бидете искрени за ова основно прашање. Мислев дека одамна го надминавме ова. Искрено, не можам да поверувам дека сè уште разговараме за ова, рече тој.
Таа пак рече дека е научник и исто така е таму за да ги претстави сложените искуства на нејзините пациенти.
-Не е контроверзно да се каже дека постои научна разлика меѓу мажите и жените. Сакам ова да биде јасно. Не е контроверзно да се каже дека жените се биолошка реалност и треба да бидат третирани и заштитени како такви. Тоа не е поларизација. Тоа е вистина. Исто така, тоа е и Уставот на САД, кој нуди посебни заштити за жените во различни околности, како жени. Вашето одбивање да ги признаете жените како жени и мажите како мажи е длабоко штетно за науката, за јавната доверба и, да, за уставните заштити за жените. Сметам дека е извонредно што седите тука и унапредувате политичка агенда која е темелно дискредитирана и одбиена од американскиот народ во овој форум. Драго ми е што ја имавме оваа размена бидејќи е исклучително разјаснувачка. Во многу аспекти, исто така е и прилично депресивна. Моето време е речиси истечено. Сакам да им се заблагодарам на другите сведоци што се тука. Ви благодарам што ги штитите жените и децата. Ви благодарам за вашите храбри напори. Ви благодарам што ја следите науката. И ви благодарам, господине претседател, за ова сослушување, кажа Хаули.
Републиканските пратеници, како што е Хаули, поголемиот дел од минатата година го посветија на воведување построги упатства за абортусите со лекови. Во декември, Хаули напиша писмо во кое ја охрабрува Администрацијата за храна и лекови (FDA) да заврши студија што ја анализира безбедноста на абортусот со лекови и да ги промени своите упатства за препишување, бидејќи смета дека лекот не треба да биде толку лесно достапен.
Во октомври, ФДА одобри генеричка верзија на лекот за абортус мифепристон. Мифепристонот, кој го блокира хормонот наречен прогестерон потребен за продолжување на бременоста, се користи во две третини од абортусите низ САД, според истражувачката група за репродуктивно здравје, Институтот Гутмахер.

Д-р Верма објави пишана изјава до сенаторите објавена на Интернет страницата Лекари за репродуктивно здравје, во врска со нејзиното сослушување. -Како доктор, знам дека грижата за абортус може да биде комплицирана за многу луѓе. Јас седам со таа сложеност секој ден, како и многу мои пациенти и нивните семејства. Важно е да се задржи простор за сложеност – но непријатноста со грижата за абортус не треба да се користи како изговор за искривување на фактите, наведува Верма.
Според неа, факт е дека науката за безбедноста и ефикасноста на мифепристонот е долгогодишна и утврдена и во текот на изминатите три децении, мифепристонот е ригорозно истражуван и докажан како безбеден и ефикасен во стотици висококвалитетни, рецензирани студии за медикаментозен абортус и за управување со спонтан абортус кај пациенти кои не ја исфрлаат содржината на матката сами.
Наведува дека до денес, мифепристонот е дискутиран во повеќе од 780 медицински прегледи и користен во повеќе од 630 објавени клинички испитувања – од кои повеќе од 420 беа рандомизирани контролирани студии, златен стандард во дизајнот на истражувањето. Над сто од тие студии конкретно ја процениле безбедноста… Мифепристонот има помала стапка на компликации од многу други лекови одобрени од ФДА, достапни на рецепт и без рецепт низ САД.
Истакнува дека нејзините пациенти се соочуваат со реални закани од аспект на губењето на пристапот до овие лекови. -Последиците од губењето на пристапот до мифепристон непропорционално ќе влијаат на моите пациенти со ниски приходи, пациенти со различна боја на кожа, пациенти имигранти и оние кои живеат во рурални области; истите заедници кои веќе се соочуваат со опасни бариери за пристап до каква било здравствена заштита што им е потребна поради системски бариери и одбивања на здравствена заштита, оценува таа.
Еве го целиот дијалог меѓу сенаторот Хаули и докторката Верма:
Сенатор Хаули:
Д-р Верма, не бев сигурен дека добро го разбрав вашиот одговор на сенаторот Муди пред малку. Дали мислите дека мажите можат да забременат?
Д-р Верма:
Се двоумев затоа што не бев сигурна во која насока оди разговорот или која е целта. Се грижам за пациенти со различни идентитети. Се грижам за многу жени. Се грижам и за луѓе со различни идентитети, и затоа паузирав. Не бев сигурна каде одите со тоа прашање.
Сенатор Хаули:
Па, целта е вистината. Значи, можат ли мажите да забременат?
Д-р Верма:
Повторно, причината зошто паузирав е што не сум сигурна која е целта на прашањето.
Сенатор Хаули:
Целта е едноставно да се утврди биолошка реалност. Малку претходно рековте дека науката и доказите треба да водат, а не политиката. Ајде да ја тестираме таа претпоставка. Можат ли мажите да забременат?
Д-р Верма:
Се грижам за луѓе со многу различни идентитети,
Сенатор Хаули:
Можат ли мажите да забременат?
Д-р Верма:
Многу жени можат да забременат. Се грижам и за луѓе кои не се идентификуваат како жени, а можат да забременат. Како што велев…
Сенатор Хаули:
Само да ве потсетам што сведочевте пред малку. Науката и доказите треба да водат, а не политиката. Значи, можат ли мажите да забременат? Вие сте лекар.
Д-р Верма:
Науката и доказите треба да ја водат медицината.
Сенатор Хаули:
Дали науката и доказите ни кажуваат дека мажите можат да забременат. Биолошките мажи, можат ли тие да забременат?
Д-р Верма:
Исто така мислам дека ваквите прашања со „да или не“ се политичка алатка…
Сенатор Хаули:
Не, “да или не” прашања се за вистината, да не ја правиме оваа постапка предмет на потсмев. Ова е за наука и докази. И ве прашувам, Врховниот суд на Соединетите Држави вчера расправаше за ова прашање подолг период. Ова не е хипотетичко или теоретско прашање. Ова влијае на вистински луѓе и нивните животи. Вие сте тука како експерт повикан од другата страна и постојано ни кажувате дека ја следите науката и доказите. Затоа сакам да знам, врз основа на науката, можат ли мажите да забременат? Тоа е прашање со „да“ или „не“.
Д-р Верма:
Мислам дека се обидувате да ја поедноставите комплексноста на многу нешта.
Сенатор Хаули:
Не. Не е комплексно. Се обидувам да добијам одговор и, искрено, да ја тестирам вашата веродостојност како медицински професионалец и научник. Можат ли мажите да забременат?
Д-р Верма:
Мислам дека исто така ги мешате поимите машко и—
Сенатор Хаули:
Не, не ги мешам машко и женско. Тоа се две различни нешта. Постојат биолошки мажи и биолошки жени. И сакам да знам: можат ли мажите да забременат?
Д-р Верма:
Она за кое зборувате се биолошки мажи.
Сенатор Хаули:
Ова не е тешко, докторке. Можат ли мажите да забременат? Да или не?
Д-р Верма:
Би била повеќе од среќна да имаме разговор што не доаѓа од позиција на конотроверзност…
Сенатор Хаули:
Не се обидувам да бидам контроверзен. Се обидувам да прашам. Сметам дека е извонредно што сме тука, на сослушување за наука и за жени, и да бидеме јасни, жените се тие што забременуваат, не мажите. Тука сме за безбедноста на жените и науката која покажува дека овој лек за абортус предизвикува несакани здравствени настани во 11% од случаите. Тоа е 22 пати повеќе од она што го наведува ФДА, уште еден факт што не го признавате. А сепак одбивате да ја признаете основната реалност дека биолошките мажи не забременуваат. Постои разлика меѓу биолошки мажи и биолошки жени. Не знам како можеме сериозно да ве сфатиме и вашите тврдења дека сте научник ако не сте подготвени да бидете искрени за ова основно прашање. Мислев дека одамна го надминавме ова. Искрено, не можам да поверувам дека сè уште разговараме за ова.
Д-р Верма:
Јас сум научник, но исто така сум тука за да ги претставувам сложените искуства на моите пациенти. Не мислам дека контроверзниот јазик или ваквите прашања ѝ служат на таа цел. Не мислам дека им служат на американските граѓани.
Сенатор Хаули:
Не е контроверзно да се каже дека постои научна разлика меѓу мажите и жените. Сакам ова да биде јасно. Не е контроверзно да се каже дека жените се биолошка реалност и треба да бидат третирани и заштитени како такви. Тоа не е поларизација. Тоа е вистина. Исто така, тоа е и Уставот на Соединетите Држави, кој нуди посебни заштити за жените во различни околности, како жени. Вашето одбивање да ги признаете жените како жени и мажите како мажи е длабоко штетно за науката, за јавната доверба и, да, за уставните заштити за жените. Сметам дека е извонредно што седите тука и унапредувате политичка агенда која е темелно дискредитирана и одбиена од американскиот народ во овој форум. Драго ми е што ја имавме оваа размена бидејќи е исклучително разјаснувачка. Во многу аспекти, исто така е и прилично депресивна. Моето време е речиси истечено. Сакам да им се заблагодарам на другите сведоци што се тука. Ви благодарам што ги штитите жените и децата. Ви благодарам за вашите храбри напори. Ви благодарам што ја следите науката. И ви благодарам, господине претседател, за ова сослушување.






