Совети за долга, цврста и успешна врска
Успешната љубовна врска не зависи од совршенството, туку од секојдневните навики што партнерите ги негуваат за подобро да се разберат, да ја изградат меѓусебната доверба и да ја одржат блискоста. Паровите кои остануваат заедно долго време, не бегаат од проблемите, туку ги решаваат мирно и со почитување, пишува порталот „Кликс“. Следат неколку навики на двојките чиишто врски „преживуваат“ без оглед на сите предизвици.
Отворено зборуваат за тоа што ги мачи
Здравата врска, меѓу другото, подразбира и искреност. Наместо да го потиснуваат во себе незадоволството и фрустрациите, партнерите треба отворено разговараат за работите што им пречат. Тие не се обвинуваат меѓусебно, туку зборуваат за своите чувства и го поттикнуваат меѓусебното разбирање. На тој начин, проблемите се решаваат без дополнителен набој.
Стисни „Пауза“ кога тензиите растат
При појава на остро несогласување или каков било набој, корисно е да се направи кратка пауза. Наместо да реагирате во афект, оддалечете се за кратко време – прошетајте, повлечете се во друга соба или едноставно – одвојте време за себе. Овој вид оддалечување помага да се смират емоциите и да се спречат натамошни непотребни расправии.
Меѓусебно разбирање и толеранција
Секој има свои недостатоци и лоши денови. Наместо да ги критикувате или преувеличувате недостатоците на партнерот, заради негување стабилна врска, покажете разбирање. Навиките на другата личност што можеби иритираат, вообичаено не се насочени против Вас. Последниот совет гласи: Толеранцијата, трпението и подготвеноста за компромис помагаат во одржувањето на хармонијата