Советот на ЕУ го прифати предлогот на Шпанија за одржување мировна конференција за Блискиот Исток


Советот на Европската унија го прифати предлогот на Шпанија во рок од шест месеци да се одржи мировна конференција за Блискиот Исток, посветена на конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење „Хамас“, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

Шпанија до крајот на оваа година претседава со Советот на Европската унија.

На состанокот на владите на 27-те земји-членки на ЕУ, Шпанија побара од ЕУ да повика на итен прекин на непријателствата, но некои земји се спротивставија на јазикот со кој се упатува тој повик, рече Санчез на прес-конференција во Брисел.

Шпанскиот премиер истакна дека земјите од ЕУ наместо тоа се согласиле да повикаат на „хуманитарни паузи“ и отворање на хуманитарни коридори за цивилите од Појасот Газа.

Во замена за компромисот, европските земји го прифатија предлогот на Мадрид за мировна конференција за обновување на напорите за постигнување решение со две држави на израелско-палестинскиот конфликт, објасни Санчез.

Back to top button
Close