СП 2022: Холандија и Еквадор одиграа нерешено

epa10328359 Enner Valencia (C) of Ecuador scores the 1-1 of Ecuador during the FIFA World Cup 2022 group A soccer match between the Netherlands and Ecuador at Khalifa International Stadium in Doha, Qatar, 25 November 2022. EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Холандија и Еквадор одиграа нерешено во натпреварот од второто коло од групата А на Светското првенство во 2022 година. Средбата на стадионот „Калифа“ заврши со резултат 1:1.

Резултатот го отвори холандскиот напаѓач Коди Гакпо во 6. минута, Во 45+3 минута Еквадор можеше да израмни, но голот на Пурвис Еступинан беше поништен поради тоа што Аугусто Поросо беше во офсајд и му пречеше на погледот на голманот на Холандија.

На почетокот на вториот дел, во 49. минута, еквадорскиот играч за врска Енер Валенсија сепак постигна гол и го постави конечниот резултат на натпреварот.

Во 89. минута Валенсија се повреди и беше изнесен од теренот на носилки. Триесет и тригодишниот играч од средниот ред беше заменет со Кевин Родригез.

Следниот меч Холанѓаните го играат на 29 ноември против Катар, а истиот ден Еквадорците ќе се сретнат со Сенегал. Двата натпревари ќе започнат во 16 часот.

По комплетирање на второто коло во А-групата, првото место го делат Холандија и Еквадор со по четири бода, трет е Сенегал со три, Катар е последен без освоен бод.

Земјата домаќин на Светското првенство во 2022 година ги загуби шансите за пласман во плејофот на турнирот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close