СП 2022: Сенегал го победи Еквадор и се пласираше во плејофот

Репрезентацијата на Сенегал го победи Еквадор попладнево во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство во Катар. Африканската селекција славеше со 2:1.

Сенегал го отвори резултатот на крајот од првото полувреме, кога напаѓачот Исмаила Сар реализираше пенал.

Во вториот дел Еквадорците го израмнија резултатот по прецизен удар на играчот од средниот ред Мојсес Каиседо. Сепак, по неколку минути, капитенот на Сенегал, Калиду Кулибали повторно го доведе својот тим водство.

Паралелно, во групата А, Холандија го совлада Катар со 2:0.

Холандија со 7 и Сенегал со 6 бода ги освоија првите две места и обезбедија осминафинале. Двете репрезентации ќе вкрстат со првопласираните две селекции од Б-групата која својот расплет ќе го има вечер по натпреварите:
САД – Иран и
Велс – Англија.

Back to top button
Close