ЈСП остана без директор: Кушовски не доаѓал на работа

ЈСП повторно остана без нафта. Најголемиот дел од автобусите веќе се паркирани во гаражите, а останатите ќе снемаат гориво за два до три часа.

Информацијата за Сител ја потврдија Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје и Независниот синдикат на возачи.

Миќо Стојановски од синдикатот на вработените во ЈСП откри дека синоќа автобусите се повлекле порано од своите линии со цел да заштедат гориво повеќе за денеска да можат да возат барем една смена.

„Во време на мандатот на Драги Кушовски во ЈСП кој почна на 26-ти јуни годинава, најголем проблем се случи со недостигот на нафтата и долговите на ЈСП. На почетокот на декември, ЈСП едноставно снема нафта, а главниот град остана без превоз. Се направи интервентна набавка на нафта за 2 милиони евра за наредните три месеци, а владата донесе одлука да прогласи енергетска криза за да даде гориво на ЈСП од државните резерви“

Стојановски вели дека од пред неколку дена ЈСП нема ниту директор. Договорот на Драги Кушовски бил истечен и тој веќе не доаѓал на работа. А нов директор нема.

 

 

Back to top button
Close