ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно

Во врска со бројните медиумски објави за наводен настан во кој биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на жичарата на Водно, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Ве информира дека на денешен ден не е евидентиран  таков настан, ниту настан од сличен карактер, се наведува во соопштението од ЈСП Скопје, што МИА го објавува интегрално.

Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда.

Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста. Ваквото пласирање на информации, без јасен контекст и без утврдени факти, претставува несериозен и неодговорен пристап.

Од медиумите очекуваме професионално и точно информирање, а не сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните.

Back to top button
Close