СП2022: Португалија стартуваше со победа над Гана

Португалската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Гана со 3-2 (0-0) во рамки на првото коло во групата Х на Светското првенство, во натпревар во кој сите пет голови беа постигнати во завршните 30-ина минути на стадионот „974“ во Доха.

Португалија поведе преку Кристијано Роналдо од пенал во 65 минута, а откако Гана го израмни резултатот осум минути подоцна преку Андре Ајев, го врати водството со два гола за две минути.

Најпрво Жоао Феликс беше прецизен за 2-1 (78), а водството го удвои Леао (80).

До крајот на натпреварот Гана се обидуваше да остане непоразена, но успеа само да го ублажи поразот преку Осман Букари (89).

Во истата група претходно денеска Уругвај и Јужна Кореја одиграа без голови

Back to top button
Close