Спасовски на средба со британската амбасадорка Галовеј
– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј на денешната средба разговарале за актуелните состојби со миграциските текови, како и за можната соработка во врска со справувањето со илегалната миграција и ефектите од неа.
Како што се наведува во соопштението од МВР, притоа уште еднаш беа потврдени заложбите на Република Северна Македонија, кога станува збор за борбата против илегалната миграција, што пак претставува одличен пример како се стекнува имиџ на сериозна земја.
-Двете страни во текот на разговорите ги потврдија заложбите за поинтензивна соработка во иднина на сите полиња во интерес на одржување на безбедноста во регионов и пошироко, се наведува во соопштението од МВР.