Спасовски: За две ипол години Владата покажа цврста определба да ја поддржи локалната власт

Во изминатите две ипол години Владата покажа дека се грижи за граѓаните, а прикажа и цврста определеност да ја поддржи локалната заедница, изјави премиерот Оливер Спасовски при денешната посета на општината Чучер Сандево.

Во изјава за медиумите, Спасовски посочи дека во оваа општина во соработка со централната власт реализирани се два проекти од патната инфраструктура со вкупна вредност од 268.292 евра.

– Квалитетната инфраструктура е многу значајна за економски раст и развој, и е едно од клучните барања како на бизнисот, така и на граѓаните. Еден од овие процеси е градењето на нова и санација на постојната инфраструктура, особено во деловите од земјата кои со години беа заборавени и запоставени, рече Спасовски.

Додаде дека во Чучер Сандево се реализираат четири проекти од Програмата за рамномерен регионален развој со вкупна вредност од 9.519.348 денари. Тоа се проектот за решавање на проблемот со поројните води на Скопска Црна Гора, проектот за воспоставување на систем за следење на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопската котлина, проектот за реконструкција на примарната и секундарната водоводна мрежа за селото Блаце, како и реконструкцијата на дел од локалниот пат за истото ова село.

– Оваа наша активност е во насока на нашата трајна и стратешка определба да овозможиме рамномерен регионален развој и еднакви можности за квалитетен живот за сите наши граѓани, без разлика дали живеат во град, село или мало населено место. Токму затоа го покренавме овој проект за „Изградба и рехабилитација на локални патишта”, а за неговата оправданост и неопходност говори и самиот факт, дека Светска Банка ни одобри заем во висина од 70 милиони евра, истакна Спасовски.

Во Чучер Сандево се спроведуваат и два проекти за подобрување на условите во училиштата во вкупна вредност од 9.219.437 денари.

Спасовски повика на поголема афирмација на проектот за поддршка на млади земјоделци во висина од 10 илјади евра за период од три години и локалните власти да аплицираат со квалитетни проекти во прекуграничните програми на Европската унија.

– Како што знаете на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Загреб во мај, беше најавена и голема финансиска поддршка за економски развој и за инфраструктурни проекти за локалните заедници во регионот, и секој изграден капацитет за подготовка на проекти е од извонредно значење за пресврт во напредокот на општините, рече Спасовски.

Градоначалникот на општината Јован Пејковски укажа на соработката со Владата без која, како што рече, општината сама никогаш не би можела да ги реализира предвидените проекти

Back to top button
Close