Спасувачка акција на Осоговски планини: евакуирани неколку лица

Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК беше известен дека неколку лица враќајќи се од настан на „Царев Врв“ на Осоговски планини имале дефект на возилото и истите побарале помош.

Даден е совет лицата да се јават на бројот 112 за да се утврди нивната локација.

Откако се лоцирани, лицата се пронајдени во добра состојба и истите со возило на ДСПС „Осогово“ се вратени во викенд населба ,,Пониква”.

Нивното возило заради дефект е оставено на местото каде се најдени и дополнително ќе го отстранат сопствениците.

Back to top button
Close