Специјалисти од Скопје пристигнаа во Кочани да помогнат во лекувањето на повредените
Од Општата болница информираа дека најголем проблем им е недостигот од здравствен персонал, главно медицински сестри, а постојниот е преоптоварен со интервенции по трагедијата од пред два месеца.
Првиот тим од лекари специјалисти од Скопје пристигнаа на помош во болницата во Кочани.
Лекарите од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе ја спроведуваат евалуацијата на здравствената состојба на повредените од пожарот во клубот „Пулс“, за да се утврдат потребите за лекување и помагала. Претходно од Фондот за здравствено осигурување беше упатен повик до сите повредени, до крајот на оваа недела, да се јават во кочанската болница за да бидат вклучени во евалуацијата.