Според Иран, САД се веќе вклучени во конфликтот меѓу Израел и Хамас
САД се веќе воено вклучени во конфликтот меѓу Израел и Палестинците, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани на прес-конференција.
„Иран смета дека САД се веќе воено вклучени во конфликтот меѓу Израел и Палестинците“, рече Канаани, на прашањето дали Иран ќе се вклучи доколку САД се вклучат во конфликтот.
Во меѓувреме, Израел го обвини Иран дека вчера наредил напади на Хезболах на либанско-израелската граница.
„Хезболах изврши голем број напади со огнено оруже цел да го одвлече вниманието од нашите воени напори на југ (Газа), под иранска инструкција и со (иранска) поддршка“, рече портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.