Според ОН речиси илјада новинари се убиени во последните 10 години

epa09942375 Palestinian artists paint a mural for Al Jazeera journalist Shireen Abu Akleh in Gaza City, 12 May 2022. According to the Palestinian health ministry, Al Jazeera journalist Shireen Abu Akleh was shot and killed on 11 May 2022 by Israeli forces during an Israeli raid in the West Bank town of Jenin. EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Во последните 10 години во светот се убиени 958 новинари, соопшти денеска високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк, цитиран од ДПА.

Во истиот период, повеќе од илјада новинари беа затворени, рече тој на почетокот на конференцијата во Виена посветена на заштитата на медиумските работници. „Овој број е неприфатлив”, рече Турк во видео-обраќањето од Женева.

Конференцијата е во организација на австриското Министерство за внатрешни работи заедно со Обединетите нации по повод 10-годишнината од воведувањето на Акцискиот план на ОН за безбедност на новинарите.

Според Турк, планот постигнал успех, бидејќи мерките за заштита на медиумските професионалци се воспоставени или зајакнати во околу 50 земји. Во последниве години, просечниот број на убиени луѓе е намален, но потребни се повеќе напори за заштита на новинарите, нагласи тој.

– Секоја и секаква закана за новинар е закана за вашите права, моите права и правата на сите на слобода на информирање, мислење и изразувањ”, нагласи шефот на агенцијата за човекови права на ОН. Тој, исто така, објави дека од 2006 година, само 13 отсто од убиствата поврзани со медиумите биле успешно истражени.

Back to top button
Close